МАРАТОН ПО ПЕТКИ И СОЗНАНИЈА

Започна новата учебна 2016-2017

1

Се зголемува бројот на првачињата. Ако лани 768 првачиња посетуваа настава во прво одделение, бројот на деца на 6 годишна возраст, кои првпат седнаа во училишните клупи достигна близу 800 ученици заедно со подрачните училишта во населените места. Токму, првоодделенците беа најрадосни, но и највозбудени од првата средба со учителката, од неизвесноста која ја носи новата средина и од непознатото кое ги очекува во маратонската трка по знаења и наобразба за да станат учени луѓе пред кои ќе претстои блескава професионална кариера и комфорен живот.

Таткото на градот, Марјан Ристески, и годинава доследен на практиката која стана вообичаена за стартот на секоја нова учебна година, успеа да ги посети сите основни училишта, во градов и во населените места и на сите првачиња да им посака успех во учењето. Некои од нив, ги погали по косичката која сјаеше на септемвриското сонце, додека срамежливо го погледнуваа со љубопитните детски очиња. На сите им подари и прибор за почетно учење и пишување, по некоја тетратка и распоред за часовите за учебната година. Срдечно им посака здравје и успех и им го честита почетокот на новата учебна година на првачињата, но и на сите ученици посакувајќи им најубави желби.

{AG}416/petka{/AG}

– Честит почеток на новата учебна година и денот кој особено ќе го паметите првачиња кои првпат седнавте во училишните клупи. На овој начин, ја искажуваме гордост и гордоста на Вашите родители, бидејќи пораснавте за да можете да се соочите со најголемиот предизвик пред вас, да учите, да се образувате и да станете еден ден генерација на нови градители на развојот на општеството – рече градоначалникот Ристески.

Грижата за идните генерации, Локалната самоуправа веќе перманентно повеќе од десет години ја покажува со инвестициите во образованието.

– Од 2006 г. кога настапи процесот на децентрализација во образованието, од буџетот на локалната самоуправа и од Министерството за образование досега се вложени над 12 милиони евра. Речиси нема училиште во кое не е заменета дограмата со енергетски ефикасна и обновена е фасадата, обновени се санитарните јазли, инвестирано е во градежните зафати на објектите во кои во претходниот период дури 30-40 години не е направено ништо. Или фигуративно да се изразам – нити клинец не беше закован! Вложувањата се со цел подобрување на условите во наставата кои резултираат со огромни успеси кај учениците со кои се гордееме – објасни Ристески.       

Празничната првосептемвриска атмосфера за првачињата, ја збогатија повозрасните ученици со пригодни програми кои ги изведоа во сите училишта.

При посетата на сите основни училишта, градоначалникот Ристески го придружуваше советникот за образование Марјан Матракоски кој исто така им посака на децата успешен старт во трката по знаење. 

Училиштето на Рид со нов двор

Едно од најстарите основни училишта во градов, изградено во далечнат 1924 година, подрачното училишта “Кочо Рацин” на Рид има комплетно уреден двор. Реконструкцијата од 1,7 милиони денари содржи поставување и на нова ограда, летна училиница, зеленило и осветлување, со што комплетно заврши уредувањето на училиштето во кое прваче бил и градоначалникот Марјан Ристески.

– Иако станува збор за стара градба со инвестициите објектот прерасна во образовна установа со подобрени услови. Ќе биде комплетно уредено и детското игралиште пред училиштето – најави Ристески.

Досега во училишето комплетно е реконструирана училишната зграда, сменет е покривот, поставена е ПВЦ дограма, има нови подови, санитарни јазли и нова фасада и систем за парно грење.

– Нашето училиште и досега имаше ученици кои освојуваа бројни награди по сите предмети, а така и ќе биде во иднина – рече Петар Крагуевски, директор на ОУ “Кочо Рацин”. 

Завршувањето на проектот со уредувањето на дворот беше означено со програма во која учествуваа учениците. 

Loading