ИЗЛОЖБА НА ЈОСИФОВА, БОЕВ И ЈОВАНОВ

Изложба на атрактивни слики од Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов, уметници од Кавадарци ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”.

Јосифова е дипломец на ФЛУ во Скопје. Имала многу самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди. Боев завршил ФЛУ на отсекот за сликарство со конзервација и реставрација.  На ФЛУ и магистрирал. Од 2011 до 2014 година бил зограф во манастирот Св. Јован Бигорски. Остварил студиски престој во САД, Франција и Италија. Јованов дипломирал на ФЛУ за графика со конзервација и реставрација. 

Loading