ДВОБРОЈ НА СТРЕМЕЖ

ЦК „Марко Цепенков“ го издаде двобројот 1-2 за 2016, на списанието за литература, уметност и култура Стремеж. Објавени  се критики и осврти, поезија, проза, раскази, препеви и преводи… На страниците се Васил Дрвошанов со осврт на поезијата на Ана Витанова Рингачева, а Трајче Крстески пишува за романот”Светицата и разбирачот” од Петар Петрески. Во Стремеж е поместена поезија на Габриела Павлоска, Смиле Наумоски – Брсак и ЕлизабетаТодорска, и прозата на Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова.

Двобројот донесува препеви на поезијата на британската поетеса Менди Панет, како и неколку преводи на дела од латински од Миле Богески.

Loading