ЕПИЛОГ НА ИСТРАГИТЕ КАЈ ЧАНИШТЕ

Istrazen tumul kaj Caniste

Екипа од Завод и Музеј предводена од  археологот Александар Миткоски, кустос советник, ги заврши заштитните археолошки истражувања на локалитетот Попов нос кај селото Чаниште во Мариово. Пронајдени се различни керамички садови кои го потврдуваат постоењето на локалитетот, во непосредна близина на Трештена стена.

Миткоски вели дека се работени повеќе тумули, кои биле диво раскопани и уништени.

– Првиот тумул прв пат бил евидентиран во 2001 година. Во највисокиот дел, односно во средината беа видливи две поголеми јами од диво копање. На едната страна имаше траги од копање со тешка механизација. Пронајдовме неколку гробови од типот, циста, градени од тенки и убаво изделкани камени плочи. Еден од гробовите е целосно уништен со дивите раскопувања кои предходно ги констатиравме. Од него се зачувани само вдлабените жлебови како и дел од северната надолжна плоча. Вакви вдлабени жлебови се констатирани и во делот на западниот контролен профил – вели археологот.

Пронајдени се повеќе фрагменти од керамички садови како и целосно зачуваниот сад со кантаровидна форма. Движни наоди биле пронајдени и во насипот на тумулот и тоа пред се фрагменти од керамички садови, од кои некои се украсени со плитки, тесни и паралелни вдлабнатинки и со врежување. Податоците говорат дека простор бил користен за погребување на преминот од бронзено во раното железно време. 

Loading