Бараж
Екипата на МАКС Струмица се откажа од учество во Супер лигата, а за испразнетото место има два кандидата, Преспа (Ресен) и Металург 2 (Скопје). Тие ќе одиграат бараж меч најверојатно во градов. Деновиве РФМ треба да донесе одлука. За термин е предложен 8 септември, четврток, а место е салата во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Победникот ќе биде десетти член на Супер лигата.
Извршена е ждрепка, според која во првото коло на 16 септември Прилеп е домаќин на Вардар јуниор.