РАСКОШНА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Sekoe izdanie se promovira

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп има богата издавачка дејност, која започнува во далечната 1973 година.

Оттогаш, па до денес, Библиотеката има издадено четириесетина монографски и библиографски публикации од сите области на културно-научното живеење на Прилеп и Прилепско.

До крајот на 2016 година планира да ги издаде книгите:

– “Македонија и Одринско: (1893-1903): Мемоар на ВМРО”, во превод од бугарски на македонски јазик од нашиот сограѓанин, писателот Трајче Крстески. Тоа е потресен документ и драматично сведоштво за страдањата на македонскиот народ под турско владение, за неговиот непокор и за неговата епска саможртва во борбата за слобода и самостојност. Објавена во Софија 1904 г. и преведена на англиски јазик, оваа значајна книга, еве дури сега, првпат интегрално се објавува на македонски јазик.

– “Хроника на Мариово” од нашиот починат собирач на народни умотворби, фолклорист и културен деец, Милан Ристески. Во оваа книга авторот нуди сеопфатна слика за Мариово и неговите жители во период од неколку века. Мариово, како географска целина, Мариово низ историските премрежја, Мариово како етнолошки и културолошки феномен. Ретко интересна книга што мора да биде прочитана.

– “Семејни библиотеки во Прилеп” од Магда Василеска и Петар Петрески

Se redat knigi od izdavackata dejnost

Прилеп е град кој традиционално ја негува културата и во кој културното живеење било и е составен дел на неговото битисување низ времето. Еден од облиците на таа изградена и негувана културна манифестација, секако се и семејните библиотеки. Оваа традиција води корени од формирањето на македонското буржоаско милје во 19 век и се задржала се до денес. Богатите прилепски фамилии не се натпреварувале само во материјалните придобивки на нивниот ситуиран живот, значи, не граделе само убави и раскошни куќи и палати, не отворале само богато снабдени дуќани и не се облекувале само во последна европска мода, туку тие, исто така, отворале читалишта, граделе цркви, ги образувале своите деца по европските универзитети и меѓудругото, формирале семејни библиотеки, тие се мемории на човештвото, да го парафразираме Борхес. Книгата има намера да ги евидентира, систематизира и да ги претстави на пошироката прилепска јавност семејните библиотеки денес во Прилеп, историјатот на формирањето, како и најкарактеристичните биографски податоци за создавачите. 

Noviot lik na cvetnata citalna

Loading