СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ОД ПЕНЗИОНЕРСКИ ДРУШТВА

Прилепско културно лето

На Прилепското културно лето вечерва киното Мистон од 20.30 часот концерт на староградска музика ќе изведат КУД “Пензионер” и КУД “Сирма” од ЗП Битола. Гостин ќе биде пензионерска пеачка група  од Штип.

Луѓето од третото доба кои пеат со години ќе покажат дека за изразување на дарбата за музика никогаш не е доцна, особено ако инспирација е негувањето на староградскиот мелос.

Пензионерите учествуваа на повеќе фестивали во земјата и во странство.

Октетот ,,Прилеп,, в понеделник од 20 часот во изложбениот салон ќе се претстави на традиционалниот летен концерт. Ќе исполни избор на песни од раскошниот репетоар, збогатен со преработки на стари хитови.

Октетот години работи под покровителство на ЦК “Марко Цепенков” и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега издал неколку албуми.

Концерт на прилепските солисти Гоце Секулоски на труба, Денис Најдоски на пијано и Ангелка Попоска на флејта ќе има на 18 август, в четврток во изложбениот салон на Центарот. Ќе се свират дела од Вивалди, Сенс Сенс, Ѓенин, Хиндемит, Коларц, Хубеи..

Секулоски е дипломец на ФМУ. Ја истражува православната музика од кои произлегуваат повеќе изданијата. Бил и професор по Црковно пеење и Типик во Македонската Православна Богословија “Св.Климент Охридски” во Скопје.Добитник е на наградата 3 Ноември. Автор е на симфониската Македонска Фанфара – Илинден 1903. Магистер е на музичка интерпретација и композиција.

Пијанистот Најдоски е дипломец на ФМУ. Настапувал на Прилепското културно лето, па во Гевгелија, во Скопје…

Попоска дипломирала на флејта на ФМУ во Скопје. Имала повеќе сонатни вечери и концерти. Настапила на целовечерен рецитал, Музички вторник во Битола. 

Loading