КУД „Моминок“ учествуваше на 36 интернационален фолклорен фестивал во Порто, Португалија, каде го претстави македонскиот фолклор. Играјќи ги убавите македонски ора, се претстави меѓу ансамбли и групи од Аргентина, Перу, Романија, Литванија, Португалија.
– Топло бевме пречекани од домаќините. Се претставивме во најубавото светло – велат од друштвото.
КУД “Моминок” воспостави контакти со друштва од други земји.