ИСКУСТВО И ВЕШТИНА ГИ КРАСАТ ДИМЕСКИ

Фирмата за продажба на резервни делови за автомобили, Атег, слави 25 години

Ateg - respektabilna firma - Zlatko Dimeski

При формирањето на фирматаза продажба на резервни делови на автомобили Атег пред 25 години, браќата Златко и Горан Димески не сонувале дека ќе се одржат и ќе се развиваат четвртина столетие во битката со силната конкуренција на неизвесниот пазар. Дејноста не им била позната, бидејќи по враќањето од војната во Југославија, од жариштето Вуковар, борбата по егзистенција ја наоѓале во трговијата со текстилни производи по пазарите во земјава. Се преориентирале на продажба на резервни делови за автомобили и на масла, упорно и чесно работејќи и откривајќи ги тајните на бизнисот по интуиција. По две ипол децении искуство создале фирма која уживаат репутација за стабилност. Ако се довери набавката на некој резервен дел на браќата од Атег, се сметнуваат грижите на сопственикот на автомобилот, оти  минатиот работен стаж им е адут што  влева сигурност за навремено, до минута, испорачување на делот, ако случајно го нема на богатата лагер листа во дуканот во центарот на градот. И не само тоа, цените се  солидни, а брзината, квалитетот и прецзиноста се беспрекорни. Зашто соработуваат со реномирани големи компании од земјава.

– Напорни беа почетоците. Ми лежеа резервните делови како хоби. Но бизнисот е едно, а пасијата е друго. Ви бизснисот нема да се тера некоја работа од задоволство, туку од нужност и создавање на имиџ на респектибилна фирма. Со тоа мото постепено го градевме реномето кое сега го имаме и такаречи  во оваа бранша сме најстара фирма. Неколку  фирми пред нас пропаднаа. Само ние ги пребродивме кризните моменти кога заминуваа во историјата резервните делови на старите Фиќа, Стоеедно, Лади, Рено 4. Спремни ги дочекавме предизвиците на напливот на половни автомобили од странство за набавка на резервни делови. Тие бараа одржување – објаснува Златко.

Со старите возила што се одржуваат се комплицира работата. Тоа ги интригира  во Атег. Производителите на автомобили  располагаатсо десетици модели од ралични години на производство. Не е едноставно да се најде вистинскиот дел, на пример за Форд Фиеста, од оваа или од онаа година. Зашто постојат илјадници разлики и сличности.

– Навреме обезбедивме компјутерски програми од сите марки и нивните модели и според моделот, бројот на шасијата и сликите во компјутерот лесно се откриваат шифрите на резервните делови. Се пребарува низ компјутерот и веднаш му се предава на муштеријата или мајсторот на автомобилот. Ако случајно го нема, се набавува за најкус можен период, не подолг од еден ден, ако не е некој многу редок -објаснува еден од браќата Димески.

Работниот стаж од 25 години ги извештил браќата. Некои брзо потрошливи делови ги препознаваат лесно и, од прва рака, само со поглед на стариот или само со објаснување на автомеханичарот, автоелектричарот, автолимарот….  

Димески велат дека со половните возила, увезени последниве години, им се отворил поширок простор за развој на бизнисот и за натпревар со ривалите во фелата.  На илјадниците половни возила, главно во поодминати години, им се потребни редовни и нормални сервисирања. Тоа е потврда дека умешноста и искуството се најдобра комбинација од која ќаруваат муштериите. 

Loading