ТУРНИР ВО УНИВЕРЗАЛНА

Ракомет

Ракометот заслужува поадекватни услови, простор за тренинзи и натпревари. Прашањето извесно е дека добива позитивна разврска. Оптимистичка е најавата дека претстојниот, втор традиционален турнир “Миле Нешкоски” треба да се одржи во Универзалната сала. Терминот е од 24 до 28 август со учество на шест домашни суперлигаши. Екипите ќе бидат поделени во две групи. Турнирот ќе претставува одлична проверка на можностите и темпирање на формата за првиот голем предизвик во септември – настапот во европскиот ЕХФ куп со швајцарскиот Винтертур.

Во меѓувреме, завчера, стартуваа подготовките на Могила. Тренерот Томче Петрески и помошникот Ице Соколоски, работат со 20 првотимци. Тука се досегашните ракометари и новиот пивот, Александар Тренчевски, повратник од Вардар јуниор Скопје. Адекватна замена е за заминатиот Србин Никола Секулиќ. Разделба се случи и со десното крило, Украинецот Дмитри Турченко. На негово место се бара замена од младинскиот погон. Деновиве се очекува второто засилување, на позицијата десен бек, левучар во екипата на Прилеп.

Loading