УДАРНИЧКИ СПОРТ

Историја

Во социјализмот, главно во пролетните и летните месеци, актуелни беа младинските работни акции. Младинците работеа, објавуваа информации за постигнување рекорди во натфрлањето на нормите, но очигледно не биле преморени кога при тоа наоѓаа време да спортуваат. Исклучок не беше и акцијата “Мариово 1976”. Прво беа одиграни пријателски средби во мал фудбал меѓу бригадите. На игралиштето во Старо Лагово тимот на командантите го совлада Штабот на населбата. Беа организирани и натпревари во шах. Ударниците собраа сили и за атлетски трки. Беа учесници на патеките од 400 и 800 метри. Најуспешни се покажаа тркачите од Инџија (Војводина, Србија), втори од Плоче (Хрватска), трети од Куманово.

Loading