ДВЕ ДРЕНАЖИ

Стадион „Гоце Делчев“

Во државава ретки се терените со една дренажа, а на стадионот „Гоце Делчев“ како што е најавено, ќе има – две. Старата, поставена пред 40 години, ќе остане недопрена и во функција, бидејќи се покажа дека не дозволуваше подолго задржување на водата и при најсилни врнежи. Над неа ќе биде поставена нова, така што нивото на теренот ќе се подигне за 30 сантиметри. При досегашната работа се води сметка за секој детал, првенствено за рамнење на теренот со современа механизација и инструменти за таа намена. Двата рефлектори поставени во 1990 година ќе бидат отстранети, како што претходно се случи со стативите, за да може непречено да се работи на целиот простор. Деновиве треба да биде посеана новата трева. Зад западниот гол се планира поставување автоматски систем за наводнување, со вкопани цистерни.

Овој дел од проектот на стадионот се очекува да биде готов напролет.

Loading