СВЕТСКИ АТРАКТИВНИ МУЗИЧКИ ИМИЊА

В година 15- ти Пиво – фест

Poplava od narod

И годинава Прилеп се покажа како добар домаќин на една од најпосетените манифестации во Македонија Пивофест 2016. Ненадминливиот гурмански спој на препознатливата прилепска скара, но и на ладниот горчлив пенлив пијалок кој се точеше нон – стоп четири дена, привлекоа стотици илјади посетители. Одличен магнет и овојпат беше фестивалската програма на огромната бина на која настапија познати групи и пеачи. Круна на забавата беше бендот Парни Ваљак. Завршницата беше означена со спектакуларниот огномет.

Прилепчани, пак имаат со што да се гордеат. Се покажаа како гостопримлив народ. Организаторите не потклекнаа ниту на надприродната провокација која на тест ја стави и техниката под налетот на силното невреме проследено со обилни дождови и ветришта. Но, упорноста, по малку и инаетот, ја бетонираа позитивната фестивалска атмосфера и посетеност која кулминираше за настапот на Аца Лукас.

{AG}411/pivofest{/AG}

Нема бројки, нема есап што и колку се изело и испило, колку просечно потрошил еден посетител во Прилеп, колку автомобили се паркирале. Бројките се само квантитативни податоци кои не може квалитативно да ја пренесат популарноста, силата на брендот, имиџот кој го донесе Пивофестот за Прилеп. Едноставно, тие 4 дена сите зборуваа за најголемиот настан кој се етаблира на турустичката карта на Балканот, а за кој и сонародниците го темпираат одморот за да се совпадне со пивската треска.

В година е 15-тото издание кога треба да се случи и најголемата пивофикација.

Организаторите, локалната самоуправа и невладината организација, Центар за граѓанска иницијатива, веќе ги стартуваа подготовките за новото, јубилејно издание на фестивалот.

– В година Пивофест ќе слави 15-годишнина. Ќе се обидеме да донесеме и светски атрактивни музички имиња. Пивофест прерасна во бренд на Прилеп и на Македонија – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Сите институции и јавни претпирјатија задолжени за хигиената, сообраќајниот ред и безбедноста на гостите, функционираа беспрекорно. Фестивалот мина без никакви инциденти.

Прилеп несебично ја негува манифестацијата која многу градови се обидуваат да ја копираат. Но, славата на Пивофестот е позната пошироко од Балканот. Затоа и ја раздвижува локалната економија.  

Loading