НОВА ОПРЕМА И ВРАБОТУВАЊА ВО БОЛНИЦАТА

Cekor po cekor  so rekonstrukcijata i novata oprema vo bolnicata

Општата болница е во фаза на реконструкција, вредна 70 милиони денари. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров се уверија во текот на обновата на болницата во која од 1980 г., кога е пуштена во употреба досега не беше направена никаква реконструкција.

– Беше прилично руинирана запуштена и минатата година направивме план во Владата и најдовме начин како да се дојде до средства за реконструкцијата. Во меѓувреме, помогнавме на  деблокадата на сметката на болницата. Реконструкцијата е во  длабока поодмината фаза. Станува збор за темелна реконструкција со која комплетно се менува инвентарот, плочките, тоалетите, креветите и другата здравствена опрема. Реконструкцијата ќе тече дел по дел, затоа што болницата мора да обезбедува здравствена грижа на жителите од Прилеп и прилепско. Во болницата се донесе доста нова опрема – нагласи Груевски.

Како што истакна министерот Никола Тодоров, парите за реконструкцијата се обезбедени преку заштедите од набавката на инсулин, а се очекува целосната реконструкција да заврши до крајот на годинава.

– Се реконструираат две одделенија. Паралелно е набавена и целосно нова опрема, а во функција е ставен и новиот мамограф – рече Тодоров.

Директорот на болницата Петар Ристески информира дека моментно имаат 18 доктори испратени на специјализација, од кои тројца во Белград.

– Во септември се планира, по пат на кофинансирање, да се испратат  уште шест лекари на специјализација. Со новите предвидени 350 вработувања во здравството само во Прилеп треба да се вработат уште шест лекари и повеќе медицински сестри. Во последните 25 години во Прилеп немало воопшто испратено луѓе на специјализација – рече Ристески.

Огласот за 350 вработувања на здравствени работници во Македонија ќе биде објавен до крајот на  месецов. 

Loading