ПРВИТЕ БРАЗИЛЦИ ОД 1996 Г.

Историја

Zilson i Oliveira so kapitenot Stojkoski

Поминаа точно 20 години од пристапувањето на првите фудбалери, Бразилци, во државава, а тие беа Јесус да Силва Жилсон и Рожерио Оливеира. Летото 1996 потпишаа за Победа. Првиот тогаш имаше 23, а вториот 20 години. Веќе на првиот тренинг беа пречекани од многубројни навивачи, кои им дадоа голема поддршка. Уште на пријателските натпревари се виде дека се работи за квалитетни фудбалери. Жилсон беше незаменлив во средниот ред, а Оливеира во нападот. Екипата во сезоната 1996/97 избори прво учество во Европа, во купот на УЕФА. Жилсон има рекорден број настапи во европските купови (22), колку Николче Здравески. Оливеира одигра само три меча во Европа, но доволно да даде најмногу голови од сите – пет. Помладиот играше до 1999 г., кога замина во Турција, а постариот во 2008 г. се пресели во Грција.

Оливеира почина во 2006 г., а Жилсон живее во Бразил.

Loading