ДЕВЕТ МЕДАЛИ ОД СОЛУН

Џудо

Seisin-vo-Grcija

Убаво претставување на ЏК Сеишин на Европскиот отворен турнир во Солун, Грција, на покана од домашниот клуб Ираклис. Прилепчаните се успешни во три категории. Најмногу медали, пет, освоија кај сениорите. Тројца се “златни” – Васко Пупуноски, Диме Ивчески и Мартин Тодорчески, по еден “сребрен” – Александар Апостолоски и “бронзен” – Александар Петрески. Во групата јуниори се истакнале тројца. Сите свои противнички ги совладала Александра Најдоска, додека за поскромно, трето место се избориле Михаела Пешталеска и Марио Тошески. Грчката публика ја воодушевил и ветеранот над 50 години, Благоја Кузманоски, кој немал проблем, бил најдобар, и го освоил златниот медал.

Според клупската информација, учествувале 150 џудисти од Англија, Италија, Бугарија, Србија, Грција и Македонија.

Loading