СКРОЕН СПИСОКОТ НА ПРИЛЕП

Шах

sah

Екипното државно шаховско првенство е од 4 август, но пријавувањето на тимовите уште сега привршува. Во ШК Прилеп речиси го составија списокот. За разлика од минатите сезони, нема да се смета на Горан Готовуша, кој е во САД, и Ристе Менкиноски во Тајланд. Клубот ќе го претставуваат: Тони Кироски, Кире Николоски, Дејан Ѓорѓиески, Марјан Дамчески, Марко Стојановски, Мартин Николовски, стружанецот Ѓоко Котески, штипјаните Дарко Балов и Васко Захариев. Прописите дозволуваат да се пријават 14 шахисти. Во клубот се скромни со амбициите. Велат дека целта е опстанокот. Тоа ќе биде успех, поради острата конкуренција од познатите противници: Алкалоид, Гамбит, Карпош (Скопје), Стево Патако (Битола), Гостивар, Куманово и 7 Ноември (Репрезентација на лица со оштетен слух).

Поединечното државно првенство е од16 до 25 јули.

Moment od sahovskiot turnir

Loading