ПРИЛЕПЧАНКА ИГРАШЕ НА ВИМБЛДОН

Тенис

Amra Sadikovik

На светскиот тениски турнир број еден, Вимблдон, првпат учествуваше прилепчанка. Таа е Амра Садиковиќ. Родена е во градов, во 1989 година, а сега живее во Швајцарија. Репрезентативка е на таа земја и настапува во Федерејшен купот

– Родена сум во Прилеп, но никогаш не сум живеела тука. Моите родители долго живееле во Десово. Сакам да доаѓам во тој крај, затоа што имам пошироко семејство. Претходната година бев во Македонија, во Десово. Роднините ме однесоа во Охрид, на езеро. Беше преубаво и ќе ми остане во спомен – вели Садиковиќ.

Почнала да игра тенис на девет години. Нејзиното име летово одекна во јавноста токму со настапот на најголемиот турнир, против најсилната противничка, Серена Вилијамс. Резултатот беше 2-0, но со силен отпор, во првиот сет 6-2, особено во вториот 6-4 за Американката. Претходно Садиковиќ успешно ги помина квалификациите.

На ВТА листата е на 148. место, а целта í е да биде меѓу 100. најдобри во светот.

Loading