„ЗЛАТНИТЕ“ РАЦЕ „ОЖИВУВААТ“ МЕБЕЛ

МЕБЕЛ БАЛАБАН

Nov sjaj i oblik na stariot mebel - Balabanoski desno so   badzanakot

Негувајќи ја традицијата и чувајќи ги старите вредности од заборав, Игор Балабаноски, со 17 годишно искуство зад себе, прави комплетна трансформација на стариот во нов мебел, продолжувајќи го неговиот животен век според желбите и потребите на муштериите. Покрај сервисирање и тапацирање на стар мебел, изработува и мебел по мерка и мерак на клиентите, остварувајќи ги нивните замисли за боја, дизајн, комбинација, стил. Идејата да се впушти во занаетот дошла случајно. Почнал како работник кај пријател, а по една деценија да мине кај друг мајстор, истовремено работејќи и дома. Пресудно за работилницата “Мебел Балабан”, која веќе ја води пет години, било да обезбеди работен стаж. Во пресрет му излегле владините средства за самовработување. Впуштајќи се во бизнис водите го проширил  бизнисот со тапацирање и на автомобилски седишта, внатрешноста на покривите, воланите, менувачите… 

– Комплицирана е работата, оти е збир од повеќе занаети. За сервис за тапацирање нужно е шиењето и кроењето од текстил, конструкцијата е од дрвната индустрија, а тапацирањето е трета фаза во процесот. Напнато е и бара голема посветеност, но се постигнува со добра организација. А и ми лежи и ме влечи оваа работа. Кога ќе навлезеш, нема враќање. Напротив како “краста” е, сé повеќе се усовршуваш и следиш светски трендови. За автомобилскиот ентериер нема посебен занает, но нашиот е најблизок. Има потреба за реновирање и некој треба и тоа да го работи – кажува Балабаноски.

{AG}407/balaban{/AG}

Прави трансформации на стариот мебел што не се препознава со новиот лик. За Балабаноски сé е можно, било да се столици, фотелји, двоседи, троседи… Комплетно ги преобразува, така што од обични кревети создава ремек дело од гарнитура. Давајќи му на мебелот нов сјај и облик, со вложување во неговата функционалност и естетика, во целост ги почитува барањата и потребите на клиентите. Не само што ги реализира нивните идеи со постојано воведување иновации, туку ја задржува суштината и вредноста на старите времиња. Муштеријата носи друг муштерија за убаво завршената работа. Со оглед дека дуќанот е позатворен, не е на прометно место, туку во кругот на медицинското училиште, муштеријата не е случајно влезен и јавен. Тоа му е проверено преку понудата на квалитет. Зголемената побарувачка на услугите се должи на квалитетните материјали и расположивата вештина. Поставува исклучиво квалитетно дрво од бука, посветувајќи полно внимание. Од целокупниот ангажман, 80 отсто е реновиран мебел. “Покорувајќи” го пелагонискиот регион за тапацирање мебел, а за автомобилите, муштерии дури и од Скопје, Велес, Кавадарци, често добива комплименти од типот, “Мајсторе, да ти се позлатат рацете, браво за мајсторијата”.

– На муштеријата му објаснувам детално каков и колку материјал ставам, колку е работната рака и сл. Не користам иглички, кланфи, туку исклучиво шрафови. Иверицата е основа, буката е незаменлива, а сунѓерот квалитетен, со 35 отсто густина, односно сé нај, нај. Нема пропаѓање, деформации, сплескување, туку најквалитет. За шприцањето на столици, маси, и друг дел од мебел, употребувам специјална боја. И за тапацирањето автомобилски ентериер користам исклучиво чиста, природна кожа, а не еко кожа, и специјални платна. Како што велат “Ако не знаеш што е убаво, прашај што е скапо”. Секогаш не значи дека скапото е и убаво. И евтиниот нов мебел нема квалитет, нема удобност, квалитет, трајност како претходниот, постар со стандарди за квалитет. Затоа, подобра инвестиција е одново да се искористи стариот мебел, отколку да се купува нов од салон – појаснува Балабаноски.

Со оглед дека и во образованието е внесен автомобилскиот ентеритер, им излегува во пресрет на дрвните техничари за пракса. Не е скржав за занаетот, напротив, отворен е за објаснување, надградување на средношколците и било кој друг што сака да го научи занаетот. Дури комплетно соработува со позајмување материјали и алати со претходните работодавачи каде го печел занаетот.

За иднина, се носи со идејата за комплетно, сериско и масовно производство на мебел, за што вели дека се потребни поголеми финансии. 

Loading