ТЕМЕЛКОВСКИ И ПЕНКОВ ПРЕД ТРАНСФЕР

Борење

borenje

Нови понуди за борачите од БК 7 Мај Леов. За Теодор Темелковски и Христијан Пенков постои конкретен интерес од Сомбор, Србија. Двајцата се повикани на проба. Таа треба да се состои од тренинзи, лекарски прегледи и контролни борби, низ учество на турнир. Евентуалниот трансфер треба да се случи во август. Во клубот веруваат дека шансите за преминот се големи – 80 отсто. Српските стручнаци веќе се увериле во квалитетите, сега останува одлуката на Управата од Сомбор.

Темелковски и Пенков, заедно со Марјан Мимичкоски учествуваа на турнир во Сува Река, Косово. Освоени се две втори и едно трето место, како и пехар за најдобар клуб.

Loading