ИСПУШТЕНА ПРВОЛИГАШКА ШАНСА ВО 1966 Г.

Историја

Pobeda 1965

Поминаа точно 50 години од најдобрата второлигашка сезона на Победа во рамките на Југославија. Во првенството 1965/66 г., екипата предводена од тренерот Никола Радовиќ го освои третото место со 41 бод, само еден помалку од првопласираната Сутјеска Никшиќ и вториот Пролетер Зрењанин. Постигнати беа најмногу победи во лигата (17), од кои меѓу највредните се против Сутјеска и Спартак. Со Сутјеска дома пред 8000 гледачи резултатот беше 5-2 со головите на А. Конески и Т. Јакимоски по два, еден на К. Атанасоски. Со Спартак во Суботица беше 2-3 со головите на С. Велкоски два и еден на Н. Илиески. Шансата за влез во Првата лига се испушти во претпоследното коло, со поразот од 5-1 во Сомбор од Раднички, така што попусто беше надигран со 1-0 тимот на Срем во последното 34. коло.

За Победа пред половина век главно настапуваа: Тренески, Гически, Божиноски, Дамјаноски, Б. Ангелески, Т. Бошкоски, М. Крстески, Илиески, Велкоски, Конески, Ж. Ѓорѓиоски, Т. Јакимоски, Т. Георгиев, Филиповиќ, Клашев, К. Јанески, Гарбески, Каргов и Јанкулоски. 

Loading