ТЕРАПЕВТ ЗА РАЗМЛАДУВАЊЕ НА ‘РБЕТОТ…

Центар за кинезитерапија и сколиози, Физио-рехаб

Edinstven vo drzavava za terafleks tretman - terapevtot   Kukunoski

Специјалист за проблемите поврзани со ‘рбетот, за секакви повреди на зглобовите, колкови, колена, рамена, лакт, дланка, вртоглавици, главоболки, укоченост, подфатени нерви, дископатии, спондилоза, мускулни болки, спортски повреди, повреди поврзани со работното место, лошо држење на телото… е физиотерапевтот Борче Кукуноски. Струката ја одбрал случајно, тргнувајќи по стапките на пријателите од студиите на спортската академија во Софија. Се открил во физиотерапијата, а во изборот му помогнал и професорот по фискултура Иле Мически, негов пријател и тогашен колега. Веќе седма година го води Центарот за кинезитерапија и сколиози “Физио-рехаб”.

– Ми лежи оваа работа. Едно од гледиштата кое ми влеа храброст да функционирам како единка, беше студентскиот престој во Америка каде имаше терапевт или хиропрактор на секоја улица при развиен здравствен систем. Тоа беше водилка да го понудам знаењето и на пациенти и да им овозможам избор на терапии, оти потребата од терапија е секојдневие за сите – вели магистерот по кинезитерапија.

{AG}407/fizio{/AG}

Првин бил партнер со колега, но набрзо запливал сам во бизнис водите. Како секој почетник, располагал со помалку техники и методи, но се гледал како успешен поради задоволните клиенти. Напредувал со времето и искуството. Ако тогаш му требале триесетина минути да ја открие проблематиката кај пациентот, сега и пет минути му се многу. Успева дури и со еден третман да им стави крај на болките кај пациентите, освен за хроничните.

– Првото искуство и тоа првин сам да го “вкусиш”, кое значеше да одговориш на предизвикот да му помогнеш некому да се чувствува подобро, ме водеше напред во професијата. Терапијата не е обичен третман, туку се даваат и инструкции за понатамошно домашно одржување на телото – додава Кукуноски.

Во неговиот широк асортиман на услуги за квалитетна грижа за поквалитетен живот, се наоѓаат терапевтски вежби, современа мануелна терапија, миофасцијална терапија, вендузи терапија, медицинска масажа, вежби за карлично дно, погодни за проблемите како запек, подмокрување, намалена контрола за голема или мала нужда, болки. Единствен е во Македонија кој располага со англискиот терафлекс апарат за истоимениот третман за рефлекс терапија на ‘рбетниот столб. По неговиот пример, третманот го работат само искусни терапевти. Кукуноски е и лиценциран Schroth метод терапевт, односно за светски познатиот метод за третирање на сколиози кај деца и возрасни, со кој се обучуваат како да вежбаат и да го држат телото според типот на сколиоза и терапијата да ја продолжат секојдневно дома.

– Терафлекс третманот е роботска рака која поминува по ‘рбетот, рефлексно ги активира мускулите, придвижува два соседни пршлени, дава пријатен ефект и е безопасен. Со редовно користење го размладува ‘рбетот. Третманот го користат и неколку клуба во Премиер лигата за одржување, рехабилитација и раздвижување на фудбалерите – појаснува Кукуноски.

Терапевтот, максимално и индивудално посветен на грижата за пациентот, кажува дека доволни се од 2-3 до 5-6 терапии, дури и за решавање на голем проблем, а на хроничните им се потребни плус годишни шеми за редовни вежби дома. Третманите, кои се по прифатлива цена, ги практикува еднаш до двапати неделно во време погодно за клиентот. Дека е целосно посветен на усовршувањето на знаењата и практичните вештини, сведочат бројните сертификати, од почетните обуки во Бугарија, од дополнителните курсеви после студиите, односно за кинезио тејпинг, лимфна дренажа, ароматерапија, мануелна терапија… Последниве години е посветен на обуки во Германија. Заедно со Здружението на терапевти организираат едукативни семинари за поттикнување на професионалноста.

Кукуноски, покрај за во државава, е лиценциран терапевт и за работа во Бугарија и Германија.

– Задоволни се пациентите. Ме исполнува што успевам да одговорам на предизвикот за клиенти од странство. Една од нив е волонтерката Сузан од Америка, која е среќна што во Прилеп најде современо место за терапија. Терапијата не е чудо. Ефектите зависат од проблематиката. Болката е само сигнал испратен од организмот дека нешто се случува и не треба да се занемарува, оти и малата контрола носи позитивна и благовремена помош. А терапевтската помош е природен начин на стимулирање на организмот да здравее и можност да се избегне медикаментозна терапија. Се третира пациентот од 30 до 60 минути, а не само да се прави визуелен преглед – кажува искусниот терапевт.

Центарот најавува проширување со групна терапија за ралични категории на луѓе – здрави и со некоја проблематика и за сите возрасти, кои би сакале да прават нешто за себе, нудејќи поевтин начин на одржување на функционалноста на телото. Станува збор за функционален фитнес, за лечење на болките, вклучувајќи и учење како да се држи и користи телото секојдневно, како да се вежба за карличното дно, за комплетен третман на телото за максимално возможно идеално функционирање. 

Loading