ПУКАНО НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО СКОПЈЕ

Непознато лице и од непознати причини испукал два проектила од огнено оружје кон возилото Порше Кајен со скопски таблички на 40 годишен прилепчанец паркиран во Скопје. Инцидентот се случил кога прилепчанецот се обидел да го стартува автомобилот при што му била нанесена повреда, гребнатина, во пределот на десната надколеница. Тој бил пренесен во болницата каде лекар констатирал телесни повреди. Преземени се мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Loading