ПОТВРДЕНА СТРУЧНОСТ

Средба на Здружението на педијатрите на Македонија

Pedijatriskite noviteti vo bolnicata

„Новини во детската неврологија“ беше темата на предавањето за македонските педијатри кои се собраа во Прилеп да ги откријат и применат најновите достигнувања за третманот на децата. Богатата дискусија и огромното присуство беа потврда дека темата имала полн погодок.

Во организација на Здружението на педијатри на Македонија,  предаваа претседателот на здружението, д-р Аспазија Софијанова, д-р Филип Дума и д-р Катарина Ставриќ од Скопје и д-р Габриела Тавчиоска од општата болница “Борка Талески” од Прилеп.

Изборот на управниот одбор на Здружението по повеќе години се одржа во Прилеп. Тоа е верификација дека во болницата работат специјалисти кои користат дијагностички и тераписки можности за малите пациенти со проблеми на педијатриската неврологија. Педијатрите од Македонија имаат четири стручни средби годишно.          

Loading