БАРАЖ В НЕДЕЛА И В СРЕДА

Вардар Неготино – Вардар Форино

Прилепскиот стадион е одреден за мегдан на бараж – дуелите се в недела и в среда во 16 часот за пласман во второлигашкото друштво. Во последен момент се дозна кој ќе биде противникот на Вардар Неготино, првак на јужната група. Противникот е истоимен – Вардар, но од Форино, Гостиварско. Дури во средата стана првак во западната група, откако победи со 0-2 на гостувањето во Речица, на заостанатиот меч. Претходно имаше табела на која како прв фигурираше Скендербег од Порој, Тетовско. Двата тима имаат исти бодови, а одлучи меѓусебниот биланс, каде подобар е тимот од Форино. Така, прилепските фудбалски љубители ќе имаат можност да проследат два интересни меча за четири дена.

Поуспешниот од баражот добива статус второлигаш.

Loading