„АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА“ ВО СКОПЈЕ

Театарот в недела и понеделник во Скопје ќе ја прикаже претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски, со која ќе учествува и на 51. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Во приказната се  испитуваат различните аспекти на времето и ја покажува релативноста преку шаренило од разиграни светови. Во некои, времето се движи назад, а во други се врти во круг. Некогаш лета со огромна брзина, а некогаш воопшто не минува. На некои луѓе животот им трае еден ден, а на некои цела вечност. Во еден свет животот се повторува безброј пати, а во друг се дели на повеќе паралелни животи.

Играат Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев и Илија Волчески.

Loading