Фотографии од Мицевска во Москва

Ambasadorot Karajanov za ubavinite na Makeodnija

„Убавините на Македонија“, изложбата од 20 фотографии од колешката Каролина Мицевска е отворена во библиотеката Рудомино во Москва, Русија. Авторката го презентира Прилеп, манастирите Зрзе, Трескавец, Св. Арахангел Михаил, Св. Илија во Дрен, карневалот Прочка, пејзажите од Охридското езеро…

Изложбата е дел од манифестацијата “Читам за Македонија”, реализирана од Македонско рускиот културен центар во Москва, а ја отвори амбасадорот на Македонија во Русија, Гоце Карајанов.

Придружен дел беа и слики од повеќе руски автори, меѓу кои и две дела од нашиот сликар Тони Чатлески.

Loading