БАНАНАТА СОЗДАДЕ УШТЕ ЕДНЕ ХИТ

Banana za dobredojdeГоце Петрески – Бананата, прилепчанецот кој неколку години живее и твори во Сиднеј, Австралија, се врати во родниот град да создаде уште еден музички хит со видео спот насловен “За џабе живеам”. Велемајсторот за фолк музика, познат по Три кила банани и Две солзи, секогаш е инспириран од родниот крај. Најновата музичка креација ја илустрира со убавините на Мариово и селото Штавица.

Песната “никна” пред заминување за Сиднеј, да држи влага до следниот камбек. Автор на текстот е Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Николче Мицевски. Видеото е дело на Христијан Конески и Мице Маркоски, кои, беспрекорно филмски го “кадросаа” Банатата низ Мариово.

Во тринеделниот престој, меѓу честите гостувања на ТВ и многуте видувања со пријателите и колегите од музичката естрада, сними и нова песна “Ах љубов верна” со Анета Мицеска и групата Молика.

Бананата и на новото огниште редовно ја забавува македонската заедница во Австралија. 

Loading