Ракомет жени
Плеј-офот во борба за титулата и местата во Европа одамна започна, но уште нема старт на плеј-аутот во првенството од Женската ракометна лига. Таму беа предвидени тимовите на Прилеп, Ѓорче и Овче Поле. Нема никаква најава кога би можеле да се одиграат трите кола. Затоа екипите се во исчекување. Прилепскиот тим редовно тренира и се подготвува за алтернатива. Ако нема првенствени, тогаш ќе се закажуваат пријателски натпревари. Можно е да има гостување во Грција, потоа реванш со Гркинките во Прилеп.
Во опција е дуел со Кичево и другите клубови кои имаат активност во овој период.
![]()

