ТАНЦ СПЕКТАКЛ СО СТОТИНА УЧЕСНИЦИ

Praznik za ocite - ZodijakСо концерт, танц студиото Зодијак го одбележуваат интернационалниот ден на танцот 29 април. Стотина танчери од најразлични возрасти се претставуваат со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц. Се презентира и итернационалната порака.

– Манифестацијата, која што е празник за очи е и одбележување на 17 годинишнината. Прилеп отскокнува по откривањето и надградбата на таленти и креативци. Затоа танцот е универзално средство за разбирање меѓу различните култури – вели Кире Миладиноски.

Дел од концертот е и видео спотот за Зодијак од Љупчо Атанасоски.

Loading