СПРЕГА ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Vkrsteni race za pomosПодобар пристап на лицата со посебни потреби до вработување и образовни можности е целта на проектот “Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Македонија (Project Enable) кој го спроведува ПРЕДА Плус Прилеп, со партнерската организација, Здружение на студенти и младинци со хендикеп од Скопје. Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус организираше и промотивен настан во “Кристал палас” за проектот кој преку дијалог и акција меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, треба да ги промовира и унапредува партнерствата меѓу различните организации, јавниот и приватниот сектор, за подобрување на социјалните услуги, мрежите, местата за работа и учење за да се остварат човековите права и да се постигне учество на лицата со посебни потреби во општеството.

Проектот е поддржан од Европската унија со над 135 илјади евра во времетраење од 18 месеци (ноември 2015 – мај 2017 година).

За да се подигне свеста кај јавноста и кај институциите со пречките со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во остварувањето на нивните човекови права, се користат различни стратегии и настани, вклучително и национална конференција. 

Loading