КРОШНИ НА ПАЗАРОТ ЗА ТЕКСТИЛ

Crkvata Sveti Preobrazenie fatena so fotoaparat otadereka pred pedesetina godiniКрикнала со молба до Бога. Се нарекува „Свето Преображение“, храмот, кој на истоимениот ден, на 18 август го благословува плодот -грозјето. Петкуполната црква, со икони од 19 век, била изградена под влијание на грчката пропаганда, со помош на еснафите на место подарено од свештеничка фамилија.

Фотографијава е сликана од другата страна на реката. Тука животарел парк со крошнести дрвја. Имало и мост на раширеното корито. И една голема топола, под која вредни раце на ковач, “тргаа” со чекан налчиња и потковици за метални чевли за добитокот. Подоцна местото се огради со бетонски ѕид. Стана детско катче за одмор на стари и деца со реквизити, па пазар на дребулии и текстил, а сега трговски центар со катна гаража. 

Loading