МАЛ ФУДБАЛ НА СТАДИОН

Историја

Летото 1990 се одржа првиот ноќен турнир на тревата од стадионот “Гоце Делчев”. Под светлината од двата рефлектора, поставени по повод турнирот, се одвиваа мошне интересни дуели меѓу 24 екипи. Победник стана тимот на Соник по финалната победа од 8-6 над Енергоинвест. Третото место го освои Спринт, а четвртото Димче Бањарот. Беа доделени парични награди, за првиот тим 10 илјади денари, за вториот пет илјади, а за третиот две илјади. Најдобар играч беше Златко Димоски – Мајското (Соник).

Наредната година имаше второ, последно издание на турнирот на кое победи битолската екипа Еми која со 1-0 го совлада Гонг, со голот на Тони Мицевски.

Loading