ВИКЕНДОВ Е КУПОТ

Ракомет мажи

Moment od mecot vo StrumicaКуп – натпреварите во машка конкуренција се предвидени за викендов. Составот на Прилеп е во третата група во Охрид, каде прво ќе игра против Вардар јуниор, потоа со победникот од дуелот на домаќинот Охрид со Пролет. Се очекува триумф над младите вардарци, а потоа тежок меч, извесно со домашниот тим, кој неодамна изненади со победа во “Ричко”. Најдобриот од групата е полуфиналист на 14 и 15 мај.

Претходно стартуваше плеј – офот од Супер лигата, каде во првото коло дома беше доживеан пораз од 27-35 со фаворитот Металург. Во победничкиот состав се истакна голманот Дупјачанец со 10 одбрани. Во средата беше второто коло и гостувањето во Струмица со претрпен пораз (32-27). Шанса за успех е третото коло, в среда во “Ричко”, против тимот на Работнички.

Loading