ЧУДНА ПОДЕЛБА

Жени

Trenerot Bogojeski so ekipata na PrilepКога лигата од осум ќе се подели на пет плус три екипи нема друг впечаток, туку дека се случува нешто чудно. Само штом се стокмија парен број од осум тима, преку приклучување на шампионот Вардар, надлежните одлучиле наместо по четири во две групи, да има поделба на пет во групата за плеј – оф и три во групата за плеј – аут. Така, за место во евро – куповите ќе се борат Вардар, Вардар јуниор, Металург, Куманово и Пелистер. Преостанатите три екипи Прилеп, Ѓорче и Овче Поле ќе играат плеј – аут, ќе се борат за опстанок, иако е една лига и нема отпаѓање. Во двете групи, поради непарниот број екипи, секое коло ќе има по една слободна. Што е најважно, на ваков начин се одзема можноста на тие што се во втората група да се борат за петтото место кое води во Европа. По ова има големо разочарување во екипата на Прилеп, каде се надеваа на рамноправна борба со Пелистер и останатите ривали за тоа петто место.

Плеј – аутот се уште не започнал, а во тимот на Прилеп планираат пријателски натпревари со тимови од Грција.

Loading