ЕДИНСТВЕН НАГРАДЕН МАКЕДОНЕЦ

Шах

Турнирот Опен Карпош во Скопје ги оправда очекувањата со квалитетот, според учеството на 206 шахисти од 25 држави. Прилепчани беа меѓу нив, а најмногу се истакна ФМ Роберт Велески. Тој го зазеде 53 место (дури 33 скалила погоре од стартната 86 позиција) и е петти Македонец според пласманот. Единствен е од земјава што освои награда. Се работи за специјална награда од 150 евра за играчи со рејтинг до 2.200 поени. Велески освои 5,5 поени на девет партии, од кои три загуби, една ремизираше и пет победи. Највредна е со црни фигури против ФМ Дејан Динев.

Прв излезе ВМ Кирил Георгиев од Бугарија.

Loading