ВАРДАР ВО Г. КОЊАРИ

Трета

Лидерот во третолигашката јужна група, неготински Вардар, в недела гостува во Големо Коњари. Разликата во квалитетот е огромна, отсликана во соодносот од 19 до 50 бода. Меѓутоа, фудбалот е спорт, во кој послабиот има шанса, затоа што меч може да се одлучи со само еден удар, грешка, гол, а во овој случај добар исход за домаќинот е и реми од 0-0. Неготинците досега немаат пораз, само две нерешени и 16 победи. Екипата на 11 Октомври, по поразот со 1-0 во Обршани, в недела игра дома со Борец, Партизан е домаќин на Д. Езеро, а Млекар гостува на Победа В.

Табела: Вардар Н. 50, Победа В. 43, Тиквеш 34, Превалец 27, 11 Октомври 26.

Loading