ДАЈ БОЖЕ, ПОБЕДА ДА Е ПРВОЛИГАШ

Висар Ганиу

Во неделата се играше прволигашки меч на стадионот “Гоце Делчев” на кој домаќинот Младост Царев Двор со 0-1 загуби од скопскиот ривал Шкупи. Гостински тренер беше Висар Ганиу.

– Заслужено ги освоивме бодовите, кои значат висок пласман. За жал немаме право за учество во Европа. Успехот ќе биде мотив за в година. Во Прилеп секогаш се чувствувам одлично. Се знае кој е фудбалски град. Дај Боже Победа да се врати во Првата лига и со уште неколку поголеми центри да се подигне квалитетот на македонскиот фудбал – рече Ганиу.

Поради активности на теренот во Охрид, Младост играше во Прилеп, а наредниот меч е најавен пак во туристичкиот центар.

Loading