ПЕХАРИ ЗА РИБАРИ – ТАПАНЏИЈА СО КРАП

Nagradeni ribolovciИ сениорската и кадетската екипа на риболовното друштво Мамец освои два пехари за мајстори на занаетот во категориите лов со пливка за минатата година. Повозрасните членови триумфираат третпат едноподруго. Церемонијата на рангирање и на предавање на одличјето се одржа на 33 годишно собрание на Македонската риболовна федерација во Скопје.

Sefte na kozjak - tapandziite Naumcev i Toni BucoДодека едни ги сумираат успесите и нижат награди, други риболовци ловат капиталци. Тоа од рака му појде на тапанџијата Зоран Наумчев. Од водите на акумулацијата Козјак кај Македонски Брод, тој изваде крап од девет килограми. Вели дека борбата со огромниот примерок траела дваесетина минути ноќе, додека уживал во езерскиот мрак. Пленот за в тавче бил збогатен уште со две помали парчиња. Припомош кај прачките и мамците му бил колегата Тони Буцо. Двајцата риболовци се пријатели и по музиката, но дел од слободното време го минуваат на заедничката страст.

Loading