ПРЕД УШТЕ ЕДНО РЕМЕК ДЕЛО НА ГИМФЕСТ

gimfest flaerВечерва од 19 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ ќе стартува уште едно спектакуларно музичко издание од пазувите на Гимназијата. На шестата манифестација Гимфест, музички мегдан ќе бијат 20 талентирани гимназијалци-солисти со извонредни музички точки кои никого нема да остават рамнодушен. Шлаг на музичката торта ќе биде  гостувањето на етно групата Љубојна.

Организацијата е плод на професорите и учениците кои со макотрпни подготовки, максимален труд, љубов и соработка, овозможуваат Гимфестот да расте и да се надградува од музички и од технички аспект.

Средствата од билетите ќе се донираат за хуманитарни цели.

Loading