СИТЕ НА ШАТОРОВ КАМЕН

На Цветници

Планинарите од градов за в недела закажаа уште една средба со природата во рамките на одбележувањето на 30 годишнината од покренувањето на акцијата “Сите во природа”. Се очекува над илјада љубители на природата не само од градов, туку од земјава, да “се втурнат во прегратката” на околината на градот обоена со пролетен декор. На патеката, долга девет километри, се тргнува од излезот на градот кон селото Селце кај подвозникот во населбата “Кузман Јосифоски 2” од 8 часот. Според организаторите, за денот на цутот, Цветници, избрана е лесна маршрута, погодна за сите возрасти, а води по чешмите, Колковец, Под плазот, Спасе Темелкоски, до споменикот на Шаторов Камен. За епилог од походот е подготвена изведба на пригодна културно – уметничка програма.

Loading