СОЛЗИ РАДОСНИЦИ ЗА ДЕКОРАЦИИТЕ НА СНЕЖЕ

Декоративна куќа Лизијан

Lizijan e kukjata vo koja kisnat idnite nevestiЗа деновите кои се паметат, за прославите кои немаат реприза, од свадби, до крштевки и родендени, декоративната куќа Лизијан ќе ве направи врвни домаќини, а гостите ќе доживеат воодушевување со комплетниот кетеринг сервис, аранжирање и организирање на свеченостите. За тоа се грижи 30 годишната Снеже Цветковска. Не остава да затаи ниту најситен детал, скицирајќи ја вечноста на денот на прославата… Ретките настани таа ги украсува со специјалитети на солени и слатки залачиња. Со извонредниот вкус дополнет со восхитувачкиот дизајн, ја скокотка фантазијата и ги облагородува сите сетила на клиентите, креирајќи грандиозна прослава. Во нејзина режија, храната се подготвува со љубов и со полно уважување и почитување на желбите на муштериите. Зад неа се уште две креативни девојки. Додека Снеже декорира, сестра í Јулијана Атанасоска готви, а другарката Елена Мишачкоска е кај слатките страсти.

Не се добројува понудата. Од кетеринг услуги, аранжирање на сали за свадби со сите придружни детали од бидермаер, чаши, кивчиња…, украсување на родендени и крштевки со чоколадна фонтана или можеби шеќерна маса со тема. Во богатата палета на услуги се и саксиското и режаното цвеќе, па и украси за на “честење”, и најново, памперс торти. За муштериите секогаш има нешто гратис, дали чад машина, или попуст во цената. Ним им останува само да ја утврдата димензијата на буџетот за свеченоста. Другото е во вештите раце на Снеже заедно со имагинацијата, без оглед на бројот на гости и карактерот на прославата.

– Тајната лежи во подготовката на храната за уживање на сите сетила. Може да се игра во секакви варијанти и бои, а битна е креативноста – кажува Цветковска, столбот на декоративната куќа.

Ketering usluga koja ja skokotka fantazijata i na   najprebirliviteОд “чепнување” за дотерување на масата на свадби кај пријатели, роднини, почнале да ја бараат за аранжирање. “Изнервирана” од различниот инвентар на свеченостите, вложила во опрема, сé да скрои и да стокми под конец, во боја, складност и големина. Со “творештвото” полека ги освојувале симпатиите на идните невести. Каде биле семејните веселби, ја имало и Снеже. Така никнал бизнисот. Постепено напредувала и од една свадба во месецот, стасала до една во викендот, а денес не стасува да оговори на сите барања.

– Тежнееме да го збогатиме и да му дадеме нов шарм и вредност на секое значајно случување, ослободувајќи ги муштериите од трошење на драгоцено време и енергија. Внимателно ги слушаме желбите, сугестиите и критиките. Не оставаме простор за пропуст, оти свадба се прави еднаш. Најбитно е услугата да биде точно навреме. Нема доцнење, а за потфрлање не станува збор, зашто сонот на славениците и блиските нужно е да се претвори во јаве за век и веков – додава бизнисменката со седум годишно искуство. 

Во комфорот кој го нуди дуќанот со раскошниот асортиман на услуги и производи, муштериите го губат чувството за време и “киснат” со саати. Со кафе уживаат во понудата за комплетното организирање на свечноста. Насмеаната, ведра и комуникатива Снеже, небаре мед í тече од устата, демонстрира производи од декорација на амбиентот до кетеринг услуга. Успева јасно да им ги отвори зениците на муштериите и реално без трикови да ги возбуди.

– Работата ме исполнува. Ми лежи кетеринг маса, цвеќе маса, сé. Максимално сум посветена, не само да ги задоволам барањата, туку и да ги надминам очекувањата. А муштериите умеат да го наградат трудот. Среќна сум кога ме гушкаат и бакнуваат. Имало и солзи радосници. Тоа е најголемото задоволство и пофалба – кажува Снеже.

И петгодишната ќерка почнува да ги впива “мајкините тајни на занаетот”, или поточно, дарот. “Помага” во украсувањето на својата роденденска торта. 

Loading