ОБНОВЕН ФК КОРЗО

По три години

Се реактивира фудбалскиот клуб Корзо. На сцената се враќа по речиси три години, кога беше второлигаш, но се фузираше со Шкупи, екипа која сега е во Првата лига. Новото име е со додавка ФК Корзо 2016. Претседател е поранешниот секретар Александар Попов, а потпретседател е Сашо Сребренкоски. Претстои вклучувањето во системот натпревари наесен. Меѓутоа, совреме треба да биде одреден стручен штаб и играчки кадар за благовремен почеток на подготовките.

За скоро ќе биде комплетирана управата и ќе се одреди терен каде екипата ќе настапува како домаќин.

Loading