СТРАСТ КРАЈ ЕЗЕРОТО

Ribarska avantura na EzeroНе í одолева на убавината на Вештачкото езеро, страстниот спортски риболовец Душан Синадинов. Четирите ѕидови ги замени со зеленилото крај езерските бранчиња. Уште не му се насмеала среќата. Но, не се предава. Не губи надеж при потрагата по штуки и други видови риби. Со десетината рибарски прачки упорно очекува некој капиталец да лапне нешто од широкиот избор на мамки. 

Во меѓувреме ужива крај камп приколката. Не е осамен во логорот. Задоволството го дели со пријателите низ муабети со мезе. Едни само го бодрат, а некои му се придружуваат во ноќната авантура крај комплетно опремениот простор со буре со вода, тенда за сенка, маси, столици, фрижидер, гас за притоплување храна… За ноќно уживање, мракот го уништува со светилка од акумулатор. 

Loading