САМО БОД ДО ВОДЕЧКИТЕ

Победа

Resavacki gol - Igor MirceskiЕкипата на Победа вторпат сезонава го совлада лидерот на табелата Тетекс, (голот е дело на Игор Мирчески). Сега се мошне изгледни шансите за пласман на едно од местата кои водат во прволигашкото друштво. Во опција е и првото место, бидејќи разликата со водечките Скопје и Тетекс е само еден бод.

Дефинитивно ваква лига досега не е видена. Безмалку сите екипи се сменија на врвот, паѓаа долу и се креваа до горе. И последниот Кожуф се надева на опстанок. Ниеден тим не се знае каде ќе заврши. Од седмиот Пелистер до првото Скопје разликата е само четири бода. Извесно е дека возбудувањата ќе траат до последното коло.

В сабота Победа гостува на Еуромилк. Уште една шанса за реванш, бидејќи пред две недели овој ривал победи во Охрид. Во екипата на Дарко Крстески се враќа Столе Дунимаглоски.

Табела: Скопје и Тетекс 30, Велазерими, Победа и Македонија ЃП по 29.

Loading