УЧЕНИЦИ ВО КОВАЧНИЦАТА НА МОНЕТИ

Дел од ОУ „Блаже Конески“ во Србија, во Народната Банка во Скопје и на Семинар

Група ученици и наставници од ОУ „Блаже Конески“ го посетија местото Седларе, Србија, на заедничко одбележување на патрониот празник, т.н. „Бранкови Дани“ во збратименото ОУ “Бранко Радичевиќ”. На петто видување и дружење, се продлабочи воспоставената соработка од Меѓународниот симпозиум на директори од 2014 година во Охрид.

Пријателство без граници

1. Prijatelki pred se - direktorkite Dulveska i ResavacНа Коневци и Седларе не само што им се отворија нови видици за соработка, туку се зближија и на пријателски план. Постојано се посетуваат едни со други, а километрите никогаш не се пречка. Тука е и интернет комуникацијата која им овозможува секогаш да се блиску, било меѓу колективите, било меѓу учениците.

– Прекрасно е чувството кога си дел од пријателство без граници – кажува српската директорка Снежана Ресавац.

На свечената академија за српскиот патрон, Коневци како специјални гости настапија со балетската група New Generation, која со новата кореографија учествуваше и на Прочка. Со широко отворени раце пречекани и сместени во домовите на нивните српски другарчиња кои лани им беа гости во октомври, децата имаа прекрасно дружење. Се прошетаа и ги разгледаа знаменитостите на Седларе, Свилајнац, Белград. Директорката Марија Дулевска пренесе топли поздрави од градоначалникот Марјан Ристески.

– Разговаравме за потребата од континуирано вложување во училиштата. Разменивме искуства за тоа како локалната самоуправа го поддржува образованието на инфраструктурен, воспитно-образовен и професионален план, што влијаеше стимулативно и мотивирачки, оти Србија полека го следи нашиот тренд – кажува Дулевска.

Не запира соработката. Претстои нова средба, и тоа крај Охридското Езеро. За годинава договорено е Прилеп да биде домаќин за 11 Октомври.

Гратис свежи денари

2. Gosti vo Narodnata bankaСедмоодделенците од ОУ “Блаже Конески” со наставниците и по повод Неделата на штедењето и 70 годишнината, ја посетија Народна Банка на Македонија на покана на Гувернерот Димитар Богов. Додека им беа презентирани поимите од банкарството, триковите за штедење и значењето и функционирањето на Народната банка, ем одблиску се запозна со банката, ем имаа ретка можност да уживаат во артефактите. Најинтересна им беше ковачницата за монети каде на лице место увидоа како се коваат металните паричките, а гратис секој ученик доби свежо кована монета. Го разгледаа нумизматичкиот музеј каде хронолошки се запознаа со потеклото и развитокот на првите пари. Како “десерт” добија монографии од кустосите. Благодарни на топлото гостопримство и несекојдевното искуство, упатија покана до претставниците на НБРМ да им бидат гости.

Семинар за директори

3. Obuka za usovrsuvanje na rakovoditelite na ucilistaНа Семинарот за директори и стручни соработници во Маврово организиран од БРО и Еразмус +, Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, беа присутни и раководителите на ОУ “Блаже Конески”, ОУ “Климент Охридски”, ОУ “Кочо Рацин”, ОУ “Страшо Пинџур” од селото Мало Коњари и од ОУ “Круме Волнароски” од селото Тополчани. Посветена на професионалниот развој на наставниците, дводневната обука опфаќала актуелни прашања за разликите во квалитетот меѓу наставниците и стручните соработници, но и нивно поттикнување во унапредување и усовршување на тековното работење.

– Директорката на БРО, Весна Хорватовиќ, укажа на можностите за унапредување во титулите, наставник ментор и наставник советник по хрватскиот модел и преку нивно анкетирање ќе се изработи стратегијата. Од в година, наставниците приправници ќе посетуваат посебна академија. А Дарко Димитров, директорот на Националната агенција, презентираше можности за аплицирање за посета на наставници колеги од европските земји за стекнување и разменување искуства – ги пренесува впечатоците од обуката Дулевска.

Следи дисеминација на обуката во училиште. 

Loading