СУДИИТЕ НЕ ДОПАТУВАА

Историја

Во завршницата на полусезоната во Општинската фудбалска лига есента 1987 година се случиле чудни изостаноци. Не се работи за непојавување на гостинските екипи или пак на домашните, туку ги немало – судиите. Или не се појавиле сите тројца судии, или недостасувал барем еден, што било доволно да не почне натпреварот. Во едно коло од Квалитетната лига не се одиграле дури три меча поради овие причини: Врбјани – Младост К., Славеј – Алинци и Кадица – Слога. Наредната недела судиите не допатувале во Заполжани и затоа не се одиграл мечот Козара – Врбјани. “Капак” била третата недела, арбитри немало на дерби дуелот Врбјани – Младост Т.

За изостаноците на судиите немало јавно објаснување.

Loading