ГОСТИ ВО БУГАРИЈА

Борење

7-maj-leovЧленови на Борачкиот клуб 7 Мај Леов заминаа во Стара Загора, Бугарија на подготовки со домашниот Берое. Со тоа се зацврстуваат контактите и се продлабочува соработката. Престојот ќе биде искористен за настап на Меѓународен турнир каде прилепските надежи ќе ги одмерат силите со противници од Бугарија, САД, Украина, Турција, Русија, Србија и Романија.

Претходно, БК 7 Мај Леов беше одличен домаќин на изборното кадетско првенство за состав на репрезентацијата на Македонија.

Loading