НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ МАСКИ

Surat od kozi i mosistaГрупната маска „Последното Исусово искушение“ на танцовото студио „Зодијак“ е најдобрата маска на 15-тиот карневал Прочка. За најдобра современа маска е прогласена маската “Ангелмен – заштитник на прилепските перници” од ОУ “Климент Охридски”, а најдобра традиционална е маската “Весели тутунари” од Прилеп.

Жирито ги прогласи и најдобрите маски од детскиот карневал што се одржа ден пред Прочка, во саботата. Најдобра маска во категоријата јуниори е маската “Велигденски јајца” од ОУ “Гоце Делчев”, а најдобра во категоријата сениори е маската “Пехари” од ОУ “Кочо Рацин”.

Традиционално жири комисијата ја сочинуваа етнологот Ели Милошеска – Луческа, уметникот Тони Чатлески и Марјан Матракоски, советник за образование, која го направи изборот на најдобрите маски.

{AG}394/defile{/AG}

Loading