ХУМАНИТАРНО ДЕРБИ СО ОХРИД

Ракомет мажи

Golema poseta se ocekuva na mecot Prilep - OhridВо период кога речиси нема спортски настани во градов, како порачано е ракометното суперлигашко дерби Прилеп – Охрид в сабота (19 часот) во салата на СОУ “Р.Р. Ричко”. Екипата на Томче Петрески не можеше да го избегне високиот пораз (34-25) од Работнички во Скопје, бидејќи настапи некомплетна. Сега има мотив повеќе со сите расположливи сили да атакува на три бода против охридските “гладијатори”. Гостите предводени од тренерот Горан Андоновски го зазедоа второто место од табелата и имаат три поени предност. Само со триумф Прилеп се враќа на вицешампионската позиција. Поради важноста на дуелот, се очекува преполна трибина и силно бодрење за чесна спортска борба на домашниот тим.

Бројна публика се очекува и поради хуманитарниот карактер на дербито. РК Прилеп одлучи целиот приход од влезниците по 50 денари да ги донира за помош на 14-годишната Сара Шошеска, на која и е неопходна итна операција во Турција. Покрај купената влезница, присутните ќе можат да приложат и во касата на влезот во салата.

Loading